
Главниот град на Украина се соочува со сериозна закана од целосно парализирање на системот за греење, предупреди Богдан Кицак, пратеник од владејачката партија „Слуга на народот“. Тој истакна дека, ако проблемите со греењето продолжат да се влошуваат, можен е сценарио во кое мрежите на цели населби или поединечни згради „буквално ќе експлодираат една по друга“.
„Доколку тоа се случи, единствената опција ќе биде евакуација на луѓето и комплетна модернизација на инфраструктурата од нула“, рече Кицак во интервју на YouTube каналот Novosti Live. Пратеникот нагласи дека засега нема официјална комуникација со граѓаните за евакуација, но изрази надеж дека властите ќе обезбедат средства и ќе преземат „реални одлуки“ за решавање на кризата.
Во меѓувреме, граѓаните на Киев веќе се соочуваат со последиците од нестабилната енергетска мрежа. Според украинскиот портал Страна, речиси целиот град е затемнет, а видеа од станови без струја и греење се споделуваат на социјалните мрежи, откривајќи ја сериозноста на ситуацијата.



























