УТРО.мк

Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска војна. Шведска се подготвува за неа

Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска војна. Шведска се подготвува за неа
Vero

Шведска вложува во војската, ги обновува јавните засолништа и ги повикува граѓаните да се подготват за најмалку седум дена без редовно снабдување со струја, вода и храна. Како што пишува украинскиот портал „Киев индепендент“, Стокхолм ги користи искуствата од војната во Украина за да утврди како болниците, училиштата и јавните служби би продолжиле да работат во долготрајна криза.

По децении воена неврзаност, Шведска во 2024 година стана членка на НАТО. Стокхолм ја оценува Русија како најсериозна закана за националната безбедност до крајот на деценијата, а во својата стратегија го опишува украинскиот фронт како „прва линија на одбраната на нашата слобода“.

Одбранбениот план до 2030 година, според порталот, предвидува повеќе од 17 милијарди долари дополнителни вложувања во војската и речиси четири милијарди долари за цивилна заштита. Парите се наменети за резерви на храна и медицински материјали, обнова на засолништата и заштита на комуникациските и компјутерските системи. Во подготовките се вклучени и општините и комуналните претпријатија, кои треба да ги одржат основните услуги ако се наруши снабдувањето.

Во ажурираниот прирачник „Ако дојде до криза или војна“, шведските власти ги советуваат домаќинствата да можат самостојно да ги покријат основните потреби најмалку една недела. Препораката се однесува и на ситуации во кои прекините се предизвикани од саботажа, кибернапад или дефект на инфраструктурата.

Според „Киев индепендент“, шведските воени и цивилни планери со украинските колеги анализираат што функционирало, а што откажало за време на воздушните напади и прекините во снабдувањето. За Шведска, практичното прашање е како да продолжат наставата, лекувањето и информирањето на граѓаните кога нема струја, греење или сигурни комуникации.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран