УТРО.мк

Хотел со пет ѕвезди затворен во Кран-Монтана поради сериозни безбедносни пропусти

Хотел со пет ѕвезди затворен во Кран-Монтана поради сериозни безбедносни пропусти
Vero

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар во истиот регион, во кој загинаа 41 лице.

Како што соопштија локалните власти, уште во август биле идентификувани безбедносни недостатоци во „Гранд хотел ду Голф е Палас“, кој се наоѓа во близина на главната улица во Кран-Монтана. И покрај дадениот рок до 15 јануари, хотелот не ги отстранил забелешките, поради што е донесена одлука за негово затворање.

Од локалната туристичка канцеларија информираа дека сите гости ќе бидат згрижени и префрлени во други сместувачки капацитети во регионот. Надлежните институции најавуваат засилени контроли на угостителските објекти, со цел да се спречат слични ризици и да се гарантира безбедноста на посетителите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран