УТРО.мк

Хамас подготвен за прекин на огнот, но само под еден услов

Хамас подготвен за прекин на огнот, но само под еден услов
Vero

Хамас: Подготвени сме за прекин на огнот, но само под еден услов

Исламистичкото движење Хамас денеска соопшти дека е подготвено да прифати договор за прекин на огнот со Израел, но не го прифаќа актуелниот предлог поддржан од САД, инсистирајќи дека секое решение мора да подразбира целосен крај на војната во Појасот Газа.

Портпаролот на Хамас, Тахер ал-Нуну, изјави дека организацијата е „подготвена и сериозна за постигнување договор“ и оти ќе ја прифати „секоја иницијатива што води кон целосен прекин на војната“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел прифатил услови за 60-дневно примирје во Газа и го повика Хамас да го прифати договорот пред состојбата дополнително да се влоши. Тој додаде дека во текот на тие два месеци би се работело на постигнување траен мир и дека договорот би можел да се реализира веќе следната недела.

Израелските власти, пак, остануваат на ставот дека нема да прифатат никакво примирје додека Хамас не биде целосно разоружан и поразен.

Според информации од локалните власти, претставници на Хамас денеска треба да се сретнат со египетски и катарски посредници во Каиро. Преговорите за прекин на огнот траат речиси 21 месец, но досега не дадоа трајни резултати.

Хамас најави дека е подготвен да ги ослободи преостанатите 50 израелски заложници, но само во замена за целосно повлекување на израелската војска од Газа и конечно завршување на воените дејства.

Предложениот договор за 60-дневно примирје предвидува делумно израелско повлекување и овозможување на зголемен пристап до хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран