УТРО.мк

Итна медицинска евакуација од „Хондиус“: Втор авион слета во Амстердам со сомнителни случаи на хантавирус

Итна медицинска евакуација од „Хондиус“: Втор авион слета во Амстердам со сомнителни случаи на хантавирус
Vero

Во Амстердам денеска безбедно слета втор медицински авион за репатријација, кој итно превезуваше патник заразен со хантавирус од крузерот „Хондиус“, по евакуација што се одвивала во близина на брегот на Зеленортските Острови.

Авионот утрово се приземји на аеродромот „Схипхол“, додека дел од патниците кои претходно биле евакуирани од бродот пристигнаа во холандската престолнина уште во текот на синоќешните часови, во рамки на координирана медицинска операција.

Паралелно со овие случувања, холандските здравствени власти потврдија дека во Амстердам е хоспитализирана државјанка на Холандија кај која постои сомнеж за инфекција со хантавирус. Според информации на телевизискиот канал RTL, станува збор за стјуардеса од авиокомпанијата КЛМ, која наводно била во контакт со патничка од „Хондиус“ што подоцна починала од последиците на вирусот во Јоханесбург, Јужноафриканска Република.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран