Иран: Русија ги предала на Израел информациите за нашата ПВО
Членот на Советот за утврдување на системската корист на Исламската Република, Мохамед Садр, ја обвини Русија за предавство, тврдејќи дека ѝ предала на Израел разузнавачки информации за иранската противвоздушна одбрана.
Според него, 12-дневната војна со Израел покажала дека стратешкиот сојуз со Москва е безвреден. Садр додаде и дека убиството на поранешниот претседател Ебрахим Раиси било атентат изведен од израелските разузнавачки служби.
Иако на 17 јануари во Москва Путин и актуелниот претседател Масуд Пезешкијан потпишаа договор за стратешко партнерство, Кремљ подоцна изјави дека токму Техеран одлучил сојузот да не вклучува одбранбени гаранции.
За време на израелските воздушни напади, иранските ПВО-системи не успеаја да соборат ниту еден авион. Клучната задача на израелските командоси, уништувањето на радарите за рано предупредување, беше извршена со целосен успех.