УТРО.мк

Иран повторно со старото сценарио: Ормускиот теснец отворен па пак затворен

Иран повторно со старото сценарио: Ормускиот теснец отворен па пак затворен
Vero

Иран повторно го затвори стратешки важниот Ормускиот проток, по серија напади врз трговски бродови, што предизвика сериозна загриженост на глобално ниво и дополнително ги зголеми тензиите во регионот на Блискиот Исток.


Според најновите информации, иранските сили отвориле оган врз повеќе трговски пловила во близина на протокот, што довело до паника и прекин на поморскиот сообраќај. Дел од бродовите биле принудени да се повлечат или да ја променат својата рута, додека други останале блокирани во регионот.


Иранските власти соопштиле дека протокот ќе остане затворен сѐ додека не се исполнат нивните барања, пред сѐ поврзани со укинување на американската поморска блокада и гаранции за безбедна пловидба на нивните бродови.


Ормускиот проток е еден од најважните енергетски коридори во светот – преку него поминува околу 20% од глобалната трговија со нафта и значителен дел од течниот природен гас. Затворањето на оваа рута веднаш предизвикува потреси на светските пазари и раст на цените на енергенсите.


Кризата е дел од поширокиот конфликт меѓу Иран, САД и нивните сојузници, кој започна во февруари 2026 година и досега доведе до напади врз десетици трговски бродови, блокада на поморскиот сообраќај и значително намалување на транспортот низ протокот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран