УТРО.мк

Иран нападна американска база во Кувајт како одговор на американските напади

Иран нападна американска база во Кувајт како одговор на американските напади
Vero

Иранските сили извршиле ракетно-дроновски напад врз американска воена база во Кувајт, во ескалација што доаѓа како директен одговор на претходни удари во регионот, јавуваат ирански државни медиуми.

Според извештаите од Техеран, операцијата била спроведена од Револуционерната гарда (ИРГЦ) како одмаздничка акција по нападот врз објекти во пристанишниот град Бандар Абас. Иранските власти тврдат дека целта била американската воена инфраструктура на територијата на Кувајт.

Од кувајтската армија, пак, соопштиле дека навремено реагирале и дека биле пресретнати неколку ракети и беспилотни летала пред да предизвикаат штета или жртви.

Во меѓувреме, американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) информира дека во истиот период биле неутрализирани неколку ирански дронови во близина на Ормуската Теснина, при што акциите ги опишува како ограничени и одбранбени мерки насочени кон заштита на сопствените сили и одржување на примирјето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран