УТРО.мк

Иран го проширува балистичкиот дострел: Европа во потенцијален ризик

Иран го проширува балистичкиот дострел: Европа во потенцијален ризик
Vero

Европа се соочува со нова закана од Иран, кој, според европските медиуми, располага со балистички ракети што можат да стигнат до метрополите како Рим и Лондон. И покрај американските и израелските воени акции, Техеран останува со значителен ракетен потенцијал, кој не е неутрализиран.

Според италијанскиот весник „Ла Република“, за напад кон европски цели, Иран би морал да користи лансирни позиции во северните региони на земјата. Весникот предупредува дека во моментов Европа нема сопствен оперативен систем за одбрана од вакви закани, и дека безбедноста на континентот во голема мера зависи од американските сателити, радари и поморски капацитети — што ја прави одбраната ранлива.

Британски „Телеграф“ потсетува на неодамнешниот напад врз британска база во Индискиот Океан, користена од американското воздухопловство. Овој настан ја покажал потенцијалната дофатност на иранските ракети, кои би можеле да ја достигнат и британската престолнина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран