УТРО.мк

Грабеж во Германија: од трезор на банка исчезнале околу 90 милиони евра

Грабеж во Германија: од трезор на банка исчезнале околу 90 милиони евра
Vero

Спектакуларен грабеж е регистриран во германскиот град Гелзенкирхен, каде што крадци пробиле ѕид и од трезорот на филијала на банката Шпаркасе однеле имот вреден околу 90 милиони евра, соопшти германската полиција.

Со кражбата се оштетени околу 2.700 клиенти на банката, потврдија од Шпаркасе, а денеска пред филијалата се собраа стотици гневни штедачи барајќи објаснување и пристап до своите пари. Банката и денеска останала затворена за јавноста.

Грабежот бил откриен вчера, кога нешто пред 4 часот наутро се активирал противпожарниот аларм, по што на местото пристигнале полицијата и пожарникарите. При увидот, тие пронашле голема дупка во ѕидот и целосно пребаран трезор.

Според првичните информации од истрагата, сторителите користеле моќна дупчалка за да го пробијат ѕидот и да влезат во трезорот. Сведоци изјавиле дека за време на викендот забележале неколку мажи како носат големи торби во блиската гаража.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран