УТРО.мк

Германија со нов пензиски систем: Реформата помина со тесно мнозинство во Бундестагот

Германија со нов пензиски систем: Реформата помина со тесно мнозинство во Бундестагот
Vero

Германскиот Бундестаг ја изгласа пензиската реформа предложена од коалицијата на канцеларот Фридрих Мерц, по месеци жестоки расправи и отпор во рамките на владејачките партии, пренесува ДПА. Со ова, пензиите ќе продолжат да изнесуваат најмалку 48 проценти од просечната плата.

Еден од трите закони во пакетот беше особено контроверзен и предизвика противење внатре во Христијанско-демократската унија (CDU). Младинското крило предупреди дека реформата ќе создаде огромни финансиски оптоварувања во иднина, со трошоци што може да достигнат милијарди евра, особено со оглед на брзото стареење на германската популација.

И покрај отпорот, Мерц успеа да обезбеди таканаречено „канцеларско мнозинство“ – минимум 316 гласови од неговата коалиција со социјалдемократите (SPD). На гласањето, реформата доби поддршка од 319 пратеници, 225 гласаа против, а 53 беа воздржани. Според заменик-претседателот на Бундестагот, Бод Рамелов, само седум пратеници од CDU гласале против предлог-законот.

Ако Бундесратот го потврди законот на 19 декември, новиот пензиски модел ќе стапи во сила од 1 јануари. Реформата има за цел да ја стабилизира пензиската стапка во услови кога бројот на работоспособни граѓани опаѓа, а бројот на пензионери расте, што создава сè поголем притисок врз германскиот социјален систем.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран