УТРО.мк

Франција во хаос: Масовни протести, блокади и оклопни возила на улиците

Франција во хаос: Масовни протести, блокади и оклопни возила на улиците
Vero

Франција се соочува со нова рунда масовни протести, додека улиците низ целата земја личат на воена зона. По поразот на поранешниот премиер Франсоа Бајру на гласањето за доверба, се очекува околу 800.000 луѓе да излезат на улиците.

За време на демонстрациите во Нант, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што беше употребен солзавец. Штрајковите доведоа до затворање на Ајфеловата кула и делови од Лувр, а Музејот Орсеј не можеше да гарантира отворање на локацијата.

Најмалку 13.000 демонстранти се собраа во Марсеј, меѓу кои и бројни синдикални и политички организации. Лидерот на партијата „Непокорена Франција“, Жан-Лук Меланшон, побара оставка од претседателот Емануел Макрон, нагласувајќи дека социјалната мобилизација ќе има „политичко влијание“.

Француската жандармерија распореди 24 нови оклопни возила „Кентаур“ за справување со можни блокади и насилство. Возилата се долги 7,5 метри, тешки 14,5 тони и можат да прими до 12 лица. Опремени се со камери со 360° покриеност, гранати и специјален „GPS“ за лоцирање на закани.

Според министерот за внатрешни работи, Бруно Ретајо, досега се регистрирани 230 акции низ Франција, вклучувајќи 95 блокади, а уапсени се 58 лица.

Наставниците се исто така активно вклучени во штрајковите – 45% од вработените во основните и средните училишта не се на работа, додека 23 средни училишта се целосно блокирани. Демонстрантите ги блокираат и трамвајските линии и патиштата, додека фармацевтите низ земјата организираат мирни протести.

Франција е во состојба на тотален хаос, додека полицијата се подготвува за потенцијално „пеколно сценарио“ на улиците.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран