УТРО.мк

Фицо ја закочи Украина: Словачка може да го прекине снабдувањето со струја ако не се обнови транзитот на нафта

Фицо ја закочи Украина: Словачка може да го прекине снабдувањето со струја ако не се обнови транзитот на нафта
Vero

Словачкиот премиер Роберт Фицо предупреди дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Украина доколку Киев не преземе чекори за да се продолжи испораката на руска нафта за Словачка, која е блокирана речиси еден месец. Испораката преку нафтоводот „Дружба“ е клучна за Словачка и Унгарија, единствените две земји од ЕУ кои сè уште се потпираат на руска нафта.

„Словачка е суверена земја и нема да ги перципира односите со Украина како еднонасочен билет корисен само за нив“, напиша Фицо на својата Фејсбук-страница. Тој посочи дека само прекинот на испораките на гас предизвикал штета од 500 милиони евра, додека прекинот на транзитот на нафта предизвикал уште поголеми економски и логистички последици.

Украина предложи алтернативни рути за испорака на нафта, вклучително и преку украинскиот систем за транспорт или морски патишта, додека траат итните поправки на нафтоводот. Мисијата на Украина во ЕУ истакна дека земјата е подготвена да обезбеди транспорт на нафта во рамките на законската регулатива.

Ситуацијата е дополнително комплицирана од Унгарија, која вчера се закани да го блокира вонредниот заем од 90 милијарди евра од ЕУ за Украина, обвинувајќи ја Киев за „уцена“ со цел политички да влијае на изборите во земјата. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, тврди дека прекинот на снабдувањето е дел од координирани обиди да се зголемат цените на горивата пред изборите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран