УТРО.мк

Европа на улица: Судири со полицијата во повеќе земји, речиси 1.000 уапсени во Франција, 400 во Италија

Европа на улица: Судири со полицијата во повеќе земји, речиси 1.000 уапсени во Франција, 400 во Италија
Vero

Бран протести зафати повеќе европски земји, меѓу кои Франција, Италија, Шпанија, Албанија и Португалија. Граѓаните протестираат поради високите животни трошоци, недостапното домување, состојбите во образованието и јавните услуги, а во дел од земјите и против корупцијата. Дел од собирите прераснаа во насилни судири со полицијата.

Во Франција, повеќе од 400.000 луѓе излегоа на улиците во саботата, 24 октомври. Иако најголемиот дел од демонстрациите поминаа мирно, судири беа регистрирани во Париз, Марсеј, Лион, Бордо, Тулуз и Рен. Речиси 1.000 лица беа уапсени низ земјата.

Во Париз, тензиите ескалираа при завршувањето на протестниот марш кај Порт де Венсен. Дел од учесниците фрлаа предмети и пиротехнички средства кон полицајците, кои одговорија со солзавец и воден топ. За обезбедување на протестите низ Франција беа мобилизирани околу 70.000 припадници на безбедносните сили.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран