УТРО.мк

ЕУ со нов чекор: Рускиот капитал ќе остане замрзнат

ЕУ со нов чекор: Рускиот капитал ќе остане замрзнат
Vero

Земјите членки на Европската Унија постигнаа начелен договор за замрзнување на руските средства на неопределено време, што се смета за клучен исчекор кон усвојување на планот за нивно користење за финансирање на т.н. заем за репарации за Украина.

Формалната одлука треба да биде донесена утре на состанокот на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки – Корепер. Одлуката ќе се темели на член 122 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој овозможува носење одлуки со квалификувано мнозинство во услови на „економска итност“, наместо со едногласност.

Досега продолжувањето на мерката се вршеше на секои шест месеци и исклучиво со консензус. Новото решение го елиминира ризикот некоја држава во иднина да стави вето на понатамошно замрзнување на средствата. Дополнително, ова се оценува како клучен чекор за да се спречи враќање на руските средства доколку санкциите кон Москва некогаш бидат укинати – прашање што особено ја загрижуваше Белгија, една од најголемите сопировки на планот за користење на замрзнатите средства за Украина.

Овој договор доаѓа само еден ден по изјавата на белгискиот премиер Барт де Вевер, кој ја доведе во прашање правната основа за трајно замрзнување на капиталот врз основа на член 122, оценувајќи дека „вонредната состојба“ која ја предвидува овој член не се однесува на земја што не е членка на ЕУ.

Според моменталните најави, Белгија утре најверојатно ќе биде воздржана, а Унгарија и Словачка ќе гласаат против. Сепак, квалификуваното мнозинство за усвојување на предлогот ќе биде обезбедено.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран