УТРО.мк

Ескалација на судирот: Израел го нападна Иран, Трамп размислува за заедничка операција

Ескалација на судирот: Израел го нападна Иран, Трамп размислува за заедничка операција
Vero

Во драматична ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, израелските воени сили извршија силен напад врз ракетни системи длабоко во иранска територија со шестесет авиони. Во Техеран се слушаат нови експлозии, а ирански генерал повика на евакуација на израелските градови Хаифа и Тел Авив, најавувајќи „правиот одговор“ од Техеран.

Иранскиот врховен лидер Хамнеи ја пренесе контролата врз воените операции на врвот на Револуционарната гарда, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат целосна контрола над иранското небо и дека го знае локацијата на иранскиот врховен лидер, но засега нема да преземе ликвидација.

Израелската армија соопшти дека е убиен началникот на иранските вооружени сили Али Шадмани, додека Иран возврати со дронови и ракетни напади врз Израел. Повеќе експлозии беа регистрирани во близина на иранската државна телевизија, која беше погодена, што го прекина нејзиниот програм.

Поранешниот израелски министер за одбрана откри дека плановите за напад почнале уште во октомври, а Израел најави дека главните цели се елиминирање на нуклеарната и ракетната закана од Иран.

Во меѓувреме, Иран се повлече од клучниот договор за неширење на нуклеарно оружје, што дополнително ја влошува меѓународната криза.

Според извори, Трамп размислува за заедничка воена операција со Израел против Иран, што дополнително го зголемува ризикот од поширок судир во регионот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран