УТРО.мк

Експлозија во воена фабрика во САД: повеќе загинати, најмалку 19 исчезнати

Експлозија во воена фабрика во САД: повеќе загинати, најмалку 19 исчезнати
Vero

Силна експлозија утринава одекна во воена фабрика за производство на експлозив Accurate Energetic Systems, LLC, сместена на границата помеѓу округот Хикман и округот Хамфрис во Тенеси, околу еден час југозападно од Нашвил. Неколку лица загинаа, а најмалку 19 се исчезнати, соопштија локалните власти.

Експлозијата се случи околу 7:45 часот по локално време и предизвика низа помали детонации. Шерифот на округот Хамфрис, Крис Дејвис, ја опиша како „разурнувачка“. Итните служби брзо го обезбедија подрачјето и работат на проценка на штетата и гасење на пожарот. Поради опасност од нови експлозии, спасувачите се држат на безбедна далечина од епицентарот.

Жителите во близина на фабриката изјавија дека почувствувале силен удар. „Мислев дека куќата ми се урнала додека бев внатре“, изјави Џентри Стовер за Associated Press.

Фабриката произведува високоексплозивни материјали и специјални производи за Министерството за одбрана на САД. Властите не открија колку работници биле присутни во моментот на несреќата ниту бројот на лица хоспитализирани.

На местото на настанот се присутни и федерални агенции, вклучувајќи ATF и FBI, а канцеларијата на шерифот ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето за да спасувачките екипи можат непречено да работат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран