Европската комисија ја поздрави изјавата на Владимир Путин дека Русија нема ништо против членството на Украина во ЕУ. Портпаролката Паула Пињо изјави за „Еурактив“ дека е „многу добредојдено“ што рускиот претседател го гледа местото на Украина во Унијата.
Во меѓувреме, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто потврди дека Будимпешта сè уште не го поддржува проширувањето со Украина, иако, како што рече, Москва нема приговори.
„Политико“ претходно објави дека Брисел очекува ќорсокакот да биде надминат во следните месеци, откако американскиот претседател Доналд Трамп наводно го убедил унгарскиот премиер Виктор Орбан да го промени ставот.