
Енергетскиот сектор во Блискиот исток се соочува со сериозна закана откако во последниве часови беа нападнати две клучни рафинерии во Кувајт. По утринскиот удар со беспилотни летала врз рафинеријата „Мина Ал‑Ахмади“, агенцијата АП извести дека во пламен избувнала и соседната постројка „Мина Абдула“, која се наоѓа на околу 11 километри од првата.
Според соопштението на кувајтските вооружени сили, нападите биле реализирани со беспилотни летала во тесен временски интервал, по што воздухопловните сили веднаш ги активирале своите противвоздушни системи за да одговорат на „закани од непријателски ракети и дронови“.























