УТРО.мк

Иранските напади може да предизвикаат воен одговор од Саудиска Арабија

Иранските напади може да предизвикаат воен одговор од Саудиска Арабија
Vero

Саудиска Арабија не го исклучува сценариото на воен одговор, по серијата ракетни напади и напади со дронови кои ги изведе Иран врз нејзиниот регион, изјави денеска саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фаисал бин Фархан. Неговиот став доаѓа во контекст на ескалацијата на тензиите меѓу двете земји и сè поголемото влијание на Иран врз земјите во Персискиот залив.

Во обраќањето пред новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи од земјите на Блискиот Исток, што се одржа во Ријад, принцот Фаисал остро ја осуди тактиката на Иран да ја засилува нестабилноста во регионот преку нападите, кои го имаат за цел да ја потиснат Саудиска Арабија и нејзините сојузници. Според неговите зборови, Ријад нема да попушти под притисокот на Техеран, напротив – земјата ќе одговори со целосна сила ако тоа се покаже потребно.

„Иран се обидува да изврши притисок врз своите соседи, но Саудиска Арабија ќе остане непоколеблива. Овој притисок ќе се врати како бумеранг“, изјави принцот Фаисал. Принцот додаде дека кралството го задржува правото да реагира со воена сила, доколку ситуацијата тоа наложи, нагласувајќи дека таквиот чекор ќе биде направен во рамките на одбраната на безбедноста на земјата и на нејзините интереси.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран