
Аеродромот во Дубаи продолжува да оперира и покрај ризикот од ирански ракети, со авиони кои полетуваат и слетуваат речиси празни. Авиокомпанијата „Емирејтс“ лета со пет до 10% пополнети авиони, бидејќи секој час затворен аеродром чини стотици милиони долари.
Според студија на „Оксфорд економикс“, повеќе од 5.000 летови беа откажани во првите два дена од конфликтот на Блискиот Исток, поради затворени воздушни простори за безбедност.























