УТРО.мк

Овие бензински станици ги намалија цените на горивата за 2 денари по литар

Овие бензински станици ги намалија цените на горивата за 2 денари по литар
Vero

Макпетрол соопшти дека малопродажните цени на горивата на нивните бензински станици се намалуваат за 2 денари по литар во однос на цените утврдени од Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука, цената на Еуросупер БС-95 изнесува 84,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по 86,5 денари за литар.

Намалување има и кај дизелот, чија цена изнесува 93,5 денари за литар, што исто така претставува поевтинување од 2 денари во однос на претходно објавената цена од регулаторот.

Од компанијата информираат дека со оваа мерка се овозможува поволност за граѓаните и компаниите, во услови на ценовни флуктуации на пазарот на нафтени деривати.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран