УТРО.мк

Драма во авион на 10.000 метри: Патник каснал член на екипаж, патниците морале да го совладаат

Драма во авион на 10.000 метри: Патник каснал член на екипаж, патниците морале да го совладаат
Vero

Вистинска драма се одвивала на повеќе од 10.000 метри височина за време на лет на Qantas кон Далас, кога патник нападнал член на екипажот и наводно го каснал, по што останатите патници морале физички да интервенираат.


Инцидентот се случил во петокот на лет од Мелбурн кон САД, а поради проблематичното однесување на патникот авионот бил принуден итно да слета во Папете.
Според локалните медиуми, вклучувајќи ја и националната телевизија ABC, мажот станал агресивен за време на летот и каснал член на екипажот на авиокомпанијата.


Ситуацијата ескалирала до тој степен што дел од патниците морале да го совладаат и задржат сè до принудното слетување.
По слетувањето во Папете, патникот бил пречекан од локалните власти и приведен.
Од компанијата Qantas соопштија дека на мажот му е забрането понатамошно летање со сите авиони на компанијата.


„Безбедноста на патниците и екипажот е наш главен приоритет и имаме нулта толеранција за насилно и вознемирувачко однесување на нашите летови“, изјави портпарол на компанијата за AFP.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран