УТРО.мк

До 25.000 евра за живот без автомобил: Малта со нова мерка против метежот

До 25.000 евра за живот без автомобил: Малта со нова мерка против метежот
Vero

Малта воведе необична мерка со цел да го намали сообраќајниот метеж и бројот на возила на патиштата, нудејќи финансиски стимул за граѓаните кои ќе се откажат од возењето.

Според новата програма, граѓаните можат да добијат до 25.000 евра доколку се обврзат дека нема да управуваат моторно возило во период од пет години. Износот се исплаќа на годишно ниво, односно по 5.000 евра годишно.

За да бидат дел од програмата, кандидатите треба да се помлади од 30 години, да живеат во Малта најмалку седум години и да имаат важечка возачка дозвола од Б категорија најмалку една година. Мерката не важи за лица на кои возењето им е неопходно поради работни обврски, како и за оние на кои им е одземена дозволата поради прекршок.

Властите предвиделе и санкции за прекршителите на договорот. Во случај учесник да биде фатен како вози за време на програмата, ќе треба да плати казна од 5.000 евра, како и да го врати остатокот од добиените средства.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран