УТРО.мк

Израел се обидел да го ликвидира иранскиот министер за разузнавање на Иран Есмаил Хатиб

Израел се обидел да го ликвидира иранскиот министер за разузнавање на Иран Есмаил Хатиб
Vero

Локални медиуми на Блискиот Исток објавија дека Израел се обидел да го елиминира иранскиот министер за разузнавање Есмаил Хатиб, во уште една ескалација на тензиите меѓу двете држави.


Информацијата првично се појави на социјалните мрежи и беше пренесена од повеќе регионални медиуми, кои наведуваат дека станува збор за обид за ликвидација на еден од највисоките безбедносни функционери во Иран.


Есмаил Хатиб е министер за разузнавање на Иран од 2021 година и важи за една од клучните личности во безбедносниот апарат на земјата. Тој има значајна улога во координацијата на иранските разузнавачки операции и во внатрешната безбедносна политика.


Во моментот нема официјална потврда од израелските власти, ниту пак се објавени детали за тоа дали нападот бил успешен или дали министерот бил повреден.
Оваа информација доаѓа во време на нагло заострување на односите меѓу Иран и Израел, по серијата напади и меѓусебни обвинувања кои дополнително ја зголемија нестабилноста на Блискиот Исток.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран