УТРО.мк

Десет ракети од Пјонгјанг летаа над Јапонско Море за време на воените вежби на САД и Јужна Кореја

Десет ракети од Пјонгјанг летаа над Јапонско Море за време на воените вежби на САД и Јужна Кореја
Vero

Северна Кореја денеска лансираше околу десет балистички ракети кон Јапонското Море, како демонстрација на сила додека САД и Јужна Кореја ја одржуваат годишната пролетна воена вежба „Штит на слободата“, јавува Ал Џезира.

Според јужнокорејската војска, ракетите биле лансирани од околината на Пјонгјанг. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека проектилите паднале надвор од јапонската ексклузивна економска зона, пренесува Асошиејтед прес.

Здружениот штаб на Јужна Кореја најави зголемена подготвеност и внимателно следење на ситуацијата, во координација со САД и Јапонија, поради можноста за нови лансирања.

Лансирањата следуваат по предупредувањето на Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, која ги критикуваше заедничките воени вежби и предупреди на „страшни последици“ за безбедноста на Северна Кореја.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја исто така осуди американските и израелските напади врз Иран и изрази поддршка за врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран