УТРО.мк

Данска воведува задолжителна воена служба и за жени

Данска воведува задолжителна воена служба и за жени
Vero

Данскиот парламент синоќа едногласно, без ниту еден глас против, ја изгласа законската измена со која се воведува задолжителна воена служба за жените.

Според новите правила, сите жени од 18-годишна возраст ќе бидат обврзани да служат во војска исто како и мажите – во времетраење од 11 месеци. Воената обука може да започне веќе од следниот месец. Досега, жените имаа можност да се приклучат на четиримесечна обука исклучиво на доброволна основа.

Во случај кога нема доволен број доброволци, Данска користи систем на лотарија за избор на регрути – пракса што отсега ќе важи и за жените.

„Поради актуелната безбедносна состојба, неопходно е вооружените сили да привлечат поголем број регрути“, изјави данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен.

Според планот, Данска ќе испраќа околу 7.500 млади луѓе на воена служба секоја година. Властите се надеваат дека со оваа мерка ќе се овозможи поефикасно пополнување на активниот состав на вооружените сили, кој во моментов брои околу 24.000 војници.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран