Поранешниот командант на британската морнарица, лорд Алан Вест, денес предупреди дека руската агресија врз Украина може да ескалира во голем конфликт со НАТО. Тој истакна дека Велика Британија веќе „фактички е во војна со Русија“.
„Тешко е да се види како овој конфликт би завршил мирно, бидејќи сите сакаме да избегнеме целосна војна меѓу НАТО и Русија. Русија би изгубила – но вистинската опасност е дали во таа ситуација би прибегнале кон нуклеарно оружје“, предупреди Вест, објави Дејли меил.
Поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, кој се појави во истиот подкаст, дополнително истакна дека Велика Британија сè уште не е доволно подготвена за ваков конфликт, што ја зголемува загриженоста за безбедноста на регионот.























