УТРО.мк

Атентат врз сиот на Гадафи – Напаѓачите во бегство, мотивот непознат

Атентат врз сиот на Гадафи – Напаѓачите во бегство, мотивот непознат
Vero

Според информации објавени од телевизијата „Ал Хадат“, Сејф ал-Ислам Кадафи, син на поранешниот либиски лидер Моамер Кадафи, бил убиен во обид за атентат што се случил во дворот на неговиот дом. Телевизијата наведува дека во нападот учествувале четири лица, кои веднаш по инцидентот успеале да побегнат од местото на настанот.

„Ал Џезира“ дополнително објави дека пред нападот биле онеспособени сите безбедносни камери во куќата, што укажува на добро испланирана и координирана акција. Засега нема официјална потврда од либиските власти, ниту информации за тоа кој стои зад нападот.

Мотивите за наводниот атентат остануваат непознати, а ниту една група или организација досега не ја презеде одговорноста. Случајот предизвика големо внимание во регионалните и меѓународните медиуми, со оглед на политичката тежина на името Кадафи и нестабилната безбедносна состојба во Либија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран