УТРО.мк

Свечено затворен Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025

Свечено затворен Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025
Vero

Со голема церемонија на платото пред СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, вечерва официјално беше затворен Европскиот младински олимписки фестивал 2025. На настанот присуствуваа спортистите учесници од Скопје и Куманово, кои го одбележаа овој значаен спортски настан.

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, се обрати пред присутните и изрази голема надеж дека многу од младите спортисти кои настапија ќе станат идни спортски ѕвезди.

„Вие сте иднината и сегашноста. Ви благодарам за вашата посветеност и прекрасните изведби. Поставивте многу олимписки, светски, европски и лични рекорди кои ќе останат запишани во историјата на ЕМОФ Скопје. Македонија е мала земја, но со големо срце,“ истакна Димевски.

Претседателот на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос, се заблагодари на сите кои беа дел од организацијата на фестивалот:

„Со длабока емоција можам да кажам дека направивте сè. Вашите перформанси беа гледани ширум Европа. Благодарност до сите 4000 спортисти кои учествуваа во 15 спортови. Покажавте дека не ви е важна само победата, туку и почитта кон противникот. Многу од вас ќе бидат идни Олимпијци. Благодарност и до целата организација, особено до волонтерите кои целосно беа ставени во функција на спортистите. Го прогласувам ЕМОФ 2025 за затворен.“

Следниот, 19-ти Европски младински олимписки фестивал ќе се одржи во Италија, која со освоени 50 медали, од кои 19 златни, беше најуспешна на фестивалот во Македонија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран