УТРО.мк

Сопругата на Диого Жота се појави на погребот во бело: Симболичен гест што ги расплака сите

Сопругата на Диого Жота се појави на погребот во бело: Симболичен гест што ги расплака сите
Vero

Потресни сцени доаѓаат од португалскиот град Гондомар, каде денеска се одржува погребот на трагично починатиот фудбалер Диого Жота. На церемонијата присуствуваа семејството, пријатели, соиграчи и голем број навивачи, но најмногу внимание предизвика доаѓањето на неговата сопруга, Рут Кардозо.

Наместо традиционалната црнина, Рут избра да се појави облечена целосно во бела облека – едноставна маица, панталони и патики. Со овој тивок, но моќен гест, таа испрати силна порака на љубов и вечна врска со својот сопруг.

Според блиски до семејството, токму на тоа место Рут била облечена во бело пред само две недели, што ѝ дава дополнителна тежина на симболиката. Белата боја – како симбол на чистота, светлина и живот – во нејзиниот контекст означува вечна љубов и духовна врска што смртта не може да ја прекине.

“Тоа не беше избор од традиција или обичај. Тоа беше израз на најдлабока љубов, на нешто што не завршува со физичката разделба,” изјави еден од пријателите на семејството.

Настанот го следеа многубројни медиуми, а фотографиите од Рут во бело предизвикаа лавина емоции на социјалните мрежи. За многумина, нејзиното појавување стана симбол на љубов што надминува смртта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран