
Снимка од физичка пресметка за која се тврди дека се случила на Меѓународниот аеродром Скопје вечерва се прошири на социјалните мрежи.
На видеото се забележуваат повеќе лица вклучени во туркање и тепачка во внатрешноста на патничкиот терминал, додека други патници ја следат случката од непосредна близина. Инцидентот предизвикал вознемиреност меѓу присутните, а дел од нив се обидувале да видат што се случува.
Авторот што ја објавил снимката на социјалната мрежа „Х“ го поставува прашањето дали на аеродромите има соодветно обезбедување.
Има ли обезбедување на аеродомов?pic.twitter.com/2QmIVsc10r— קרברוס (@KerberTheGreat)September 20, 2026

















