УТРО.мк

РК Пелистер слави 70 години, ветераните на клубот ќе играат ревијален натпревар

РК Пелистер слави 70 години, ветераните на клубот ќе играат ревијален натпревар
Vero

Битола повторно ќе дише ракометна историја. Оваа сабота, салата „Боро Чурлевски“ ќе стане сцена на спомени, емоции и легенди, откако РК Еурофарм Пелистер ќе го одбележи големиот јубилеј – 70 години од своето постоење.

Во чест на роденденот на клубот, ќе се одигра ревијален натпревар на ветераните, на кој пред битолската публика повторно ќе се појават имиња што оставиле длабока трага во македонскиот и европскиот ракомет. Од славните генерации на Пелистер, клубот засега потврди дел од легендите кои ќе истрчаат на теренот: Абдула Јусуфовски, Стевче Стефановски, Душан Новокмет, Александар Мирзамамедов, Слободан Николиќ, Златко Димитровски, Пепи Манасков, Касим Каменица, Цане Крстевски, Александар Зарков, Кире Поповски, Игор Николовски, како и уште многу други поранешни асови кои ја градеа приказната наречена Пелистер.

Настанот нема да биде само спортски спектакл. Јубилејот ќе биде заокружен со свечена академија и музичка програма, што ќе му даде посебна тежина и достоинствен тон на одбележувањето.

За битолската ракометна јавност, ова ќе биде повеќе од натпревар – ќе биде враќање во златните времиња, прослава на традицијата и симболичен поздрав со 2025 година, во духот на зелено-белата гордост.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран