УТРО.мк

Турција спречи терористички напади за празниците: Приведени 115 лица поврзани со ИСИС

Турција спречи терористички напади за празниците: Приведени 115 лица поврзани со ИСИС
Vero

Турските безбедносни сили приведоа 115 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација Исламска држава, кои, според разузнавачки информации, подготвувале напади за време на Божиќните и новогодишните празници, соопшти Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул.

Според полицијата, планираните напади биле насочени кон немуслимански граѓани и фреквентни јавни локации низ Турција. Акцијата е резултат на повеќенеделна истрага и интензивно следење на осомничените мрежи.

Во рамки на операцијата, истанбулската полиција извршила рации на 124 локации. Од вкупно 137 идентификувани осомничени, приведени се 115 лица, додека по останатите се трага. При претресите биле пронајдени и запленети оружје и муниција.

Надлежните институции соопштија дека истрагата продолжува со цел целосно расветлување на случајот и идентификување на сите лица инволвирани во планирањето на нападите, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните за време на празниците останува врвен приоритет.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран