УТРО.мк

Најдоски му порача на Ангеловски: Македонија нема потреба од поделби

Најдоски му порача на Ангеловски: Македонија нема потреба од поделби
Vero

Поранешниот репрезентативец Илија Најдоски упати сериозна критика кон поранешниот селектор Игор Ангеловски, реагирајќи на неговите јавни изјави и однесување во врска со актуелните случувања околу македонската фудбалска репрезентација.


„Начинот на кој Ангеловски повторно настапува само потврдува дека со години бил фактор што ја нарушува атмосферата околу репрезентацијата. Истото го гледавме и во времето на Благоја Милевски – наместо поддршка, имаше постојани опструкции, коментари и обиди за влијание. Таквото однесување не ѝ помогна ниту тогаш, а уште помалку ѝ помага сега на Македонија“, изјави Најдоски.


Тој нагласи дека во моменти кога е потребна единственост и поддршка, некои поединци повторно избираат лични конфликти и создавање негативна атмосфера.


„Репрезентацијата е над секој поединец и мора да остане така. Нека му служи на чест тоа што нас, кои сме дале многу за македонскиот фудбал, нè става во категорија ‘стаорци’. Тоа повеќе зборува за него отколку за нас“, додаде Најдоски.


Поранешниот капитен истакна дека нема намера да се впушта во лични препукувања, но смета дека ваквите изјави го надминуваат секој разумен дијалог.


„Искрено, не е име и презиме што заслужува реакција, но ова што се обидува да го наметне ја надминува секоја мера. Македонскиот фудбал нема потреба од поделби, навреди и лични фрустрации, туку од почит, одговорност и поддршка за репрезентацијата“, порача Најдоски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран