УТРО.мк

Почина Илија Темелковски, човек кој го посвети животот на ракометот

Почина Илија Темелковски, човек кој го посвети животот на ракометот
Vero

Македонската ракометна јавност тагува поради смртта на Илија Темелковски, еден од најпосветените спортски работници кој сиот свој животен и професионален век го посвети на ракометот.

Од Ракометната федерација на Македонија соопштија дека со заминувањето на Темелковски, ракометот изгуби вреден човек, а спортската заедница остана без голем професионалец и човек со искрена љубов кон играта.

„Ракометната и спортската јавност денес изгубија вреден спортски работник. Упатуваме искрено и длабоко сочувство до семејството на Темелковски“, стои во изјавата на Федерацијата.

Погребот ќе се одржи утре (14 октомври 2025) во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел, капела.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран