УТРО.мк

Омерагиќ: Македонските судии се подготвуваат за европската елита

Омерагиќ: Македонските судии се подготвуваат за европската елита
Vero

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, порача дека Федерацијата активно вложува во развојот на судиите, со цел нивно позиционирање на највисоките европски натпреварувања.

Тој информираше дека во рамки на напредната едукација на судиите од Првата македонска фудбалска лига, во земјава престојувал шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој учествувал и во доделувањето на ФИФА амблеми за македонските интернационални судии.

„Сè зависи од вас. Сакаме да ве гледаме во Лигата на шампионите и на Европските првенства“, била пораката што Росети им ја упатил на судиите.

Омерагиќ истакна дека ФФМ создава услови за напредок преку ангажирање врвни едукатори и изградба на систем кој ќе обезбеди квалитетно судење.

„Од судиите очекуваме посветеност, континуирано учење, чесност и подобри изданија на теренот. Верувам во македонските судии и во нивниот потенцијал да бидат дел од најголемата европска сцена“, нагласи Омерагиќ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран