УТРО.мк

Официјално: Гоце Седлоски повеќе не е селектор на Македонија

Официјално: Гоце Седлоски повеќе не е селектор на Македонија
Vero

Гоце Седлоски повеќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска, 25 ноември, официјално соопшти дека договорот со досегашниот предводник на националниот тим е спогодбено раскинат.

Разделбата доаѓа по серијата разочарувачки резултати на репрезентацијата, која под водство на Седлоски не успеа да забележи ниту една победа на десет одиграни натпревари.

Во официјалното соопштение, ФФМ наведува дека одлуката е донесена во интерес на двете страни, со цел да се овозможи нов почеток за репрезентацијата, но и да се избегне дополнителен притисок врз досегашниот селектор.

Десет натпревари без победа

Седлоски ја презеде македонската репрезентација во декември 2025 година, но неговиот селекторски мандат завршува по неполна година.

Под негово водство Македонија одигра десет натпревари, на кои забележа осум порази и две нерешени средби, со само еден постигнат гол.

Неуспешните настапи во Лигата на нациите, каде што македонската селекција остана без освоен бод, дополнително го зголемија притисокот врз стручниот штаб.

ФФМ: Седлоски остави длабока трага во македонскиот фудбал

И покрај резултатите, од Фудбалската федерација нагласуваат дека Седлоски заслужува почит за сето она што го направил во македонскиот фудбал.

Од Федерацијата посочуваат дека тој е еден од најтрофејните македонски тренери, поранешен капитен на националниот тим и личност која со години придонесувала за развојот на домашниот фудбал.

„Можеби моментот во кој ја презеде репрезентацијата не беше идеален. Можеби високите очекувања, наспроти реалноста, околностите и резултатите не се поклопија со она што сите го посакувавме“, наведуваат од ФФМ.

Федерацијата му се заблагодари на Седлоски за професионалниот однос, вложениот труд и посветеноста, изразувајќи уверување дека неговото искуство и знаење и во иднина ќе бидат корисни за македонскиот фудбал.

Македонија ќе добие нов селектор пред баражот со Кипар

По разделбата со Седлоски, ФФМ ќе треба да избере нов предводник на националниот тим.

Пред македонската репрезентација претстои баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите, во кој во март 2027 година ќе игра против Кипар.

Името на новиот селектор засега не е официјално соопштено.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран
Urban Stil Lotarija
Green Machines

Најнови вести

Milioner Lotarija
Ilirika
Zlatna Treska
Titanium Lotarija