
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствува на ЕБ форумот, каде што преку дијалог, размена на мислења и заеднички дискусии се разгледуваат важни прашања поврзани со иднината, меѓународната соработка и заедничките предизвици.
Мицкоски истакна дека ваквите средби претставуваат значајна можност за градење меѓусебна доверба, зајакнување на постојните партнерства и отворање нови перспективи за соработка.
„Денеска присуствувам на ЕБ форумот, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат важни прашања за иднината, соработката и заедничките предизвици“, посочи премиерот.
Тој нагласи дека непосредната комуникација и размената на идеи се важни за унапредување на односите меѓу државите и за изнаоѓање заеднички решенија за актуелните предизвици.
„Ваквите средби се значајна можност за градење доверба, зајакнување на партнерствата и унапредување на меѓународната соработка“, истакна Мицкоски.
Премиерот порача дека Македонија и понатаму ќе биде активен и конструктивен учесник во меѓународните процеси, со јасна определба за развивање партнерски односи и придонес кон заедничката иднина.























