
Македонската ракометна репрезентација одигра извонреден натпревар против Швајцарија пред полна сала во Винтертур, со поддршка не само од домашните навивачи, туку и од голем број Македонци.
Слично како и на претходниот меч, нашиот тим имаше послаб старт во првото полувреме, но во вториот дел одигра одлично и имаше шанси за победа. На крајот, Марко Митев со впечатлив удар од под успеа да донесе нерешен резултат.



























