УТРО.мк

МАКЕДОНСКИ БИСЕР ОД КАНАДА: Тео Мартиноски тропа на вратата на репрезентацијата – Европа веќе го следи!

МАКЕДОНСКИ БИСЕР ОД КАНАДА: Тео Мартиноски тропа на вратата на репрезентацијата – Европа веќе го следи!
Vero

Македонскиот фудбал добива нова надеж од дијаспората, откако 16-годишниот Тео Мартиноски од Канада се наметнува како еден од најперспективните млади играчи со сериозен потенцијал за голема кариера и желба еден ден да го облече дресот на националниот тим.


Мартиноски е роден 2010 година, своите први фудбалски чекори ги направил во Охрид, во школата „Фер Плеј“, каде уште од најрана возраст го покажал својот талент. По преселбата во Канада пред три години, неговиот развој добива нова димензија, станувајќи дел од академијата „Stella Rossa“ во Торонто, клуб кој функционира под капата на белградска Црвена Звезда.


Со висина од 175 сантиметри и одлична физичка подготвеност, Тео се профилира како модерен офанзивец кој најчесто настапува како десно крило, но успешно игра и како напаѓач или лево крило. Неговата способност да игра со двете нозе, да дрибла сигурно и да реализира во клучни моменти го прави исклучително опасен во нападот.


Од самиот почеток во Канада, Мартиноски е стандарден член на првиот тим и настапува во силната Канада А лига и Онтарио Купот, каде редовно бележи голови и асистенции. Посебно внимание привлече неговиот погодок директно од корнер, кој беше прогласен за „гол на сезоната“, што дополнително го потврди неговиот талент и креативност.


Младиот фудбалер веќе има и меѓународно искуство, настапувајќи на кампови на европски гиганти како Бенфика и Спортинг Лисабон во 2024 година, каде оставил одличен впечаток. Во 2025 година бил дел и од камповите на Атлетико Мадрид и Барселона, а оваа година продолжува со развојот преку кампот на Црвена Звезда во Белград.


Покрај клупските настапи, Мартиноски се истакнува и во училишната лига, каде за сезоната 2024/2025 е прогласен за МВП играч, уште една потврда за неговиот континуиран напредок и потенцијал.
Она што ја прави оваа приказна особено значајна е неговата силна желба да настапува за Македонија. Иако неговото семејство веќе се обидело да воспостави контакт за пробни тренинзи со репрезентацијата, засега таа можност сè уште не се реализирала.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран