УТРО.мк

Ливерпул ќе го исплати целиот договор на Жота и ќе го плати образованието на неговите три деца

Ливерпул ќе го исплати целиот договор на Жота и ќе го плати образованието на неговите три деца
Vero

Фудбалскиот клуб Ливерпул донесе одлука целосно да го исплати договорот на Жота, кој важеше до 2027 година, како чин на почит кон својот починат фудбалер. Дополнително, клубот ќе го покрие целото образование на неговите три деца сè до нивното полнолетство.

Делегација на Ливерпул веќе пристигна во Португалија, каде што денес ќе се одржи погребната церемонија на играчот. Со овој гест, клубот уште еднаш ја потврди својата посветеност кон играчите и нивните семејства, дури и во најтешките моменти.

Како дел од оддавањето чест, Ливерпул одлучи да го повлече дресот со број 20 – бројот што Жота го носеше – со што тој ќе остане трајно симбол на неговото наследство во историјата на клубот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран