
Јутјуб постигна значаен договор со FIFA за тековното Светско првенство во фудбал, отворајќи нови можности за емитувачите да ги донесат највозбудливите моменти од теренот директно до глобалната публика, особено кон помладата генерација.
Според најавата на ФИФА, партнерството е дефинирано како „револуција во начинот на игра“, при што телевизиските и дигиталните носители на права ќе можат да емитуваат првите 10 минути од секој натпревар во живо, со цел да го привлечат вниманието на младите гледачи и да ги поттикнат да го следат остатокот од натпреварот на традиционалните канали.
Покрај кратките превземања, избрани емитувачи ќе добијат можност да прикажат и целосни натпревари на своите Јутјуб-канали, создавајќи интеракција со глобалната публика и истовремено промовирајќи каде може да се следат останатите мечеви од турнирот кој се одржува од 11 јуни до 19 јули.























