УТРО.мк

Четвртфиналето на Лигата на шампионите со спектакуларни дуели во Април

Четвртфиналето на Лигата на шампионите со спектакуларни дуели во Април
Vero

Познат е составот на четвртфиналните дуели во УЕФА Лигата на шампионите, а првите натпревари ќе се играат на 7 и 8 април, со реваншите закажани за 14 и 15 април.

Најголемо внимание привлекува класичниот судир меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид, клубови кои се соочиле повеќе пати од било кои други во историјата на Лигата на шампионите. Баварците ја имаат освоено титулата шест пати, додека Реал го држи апсолутниот рекорд со 15 европски титули.

Во друг интересен дуел, Ливерпул ќе се соочи со актуелниот шампион Пари Сен Жермен. Ливерпул минатата сезона беше елиминиран токму од ПСЖ во осминафиналето по пенали, па ова е можност за реванш.

Единствениот пар кој беше потврден претходно е Спортинг и Арсенал, два клуба кои никогаш не го освојувале европскиот трофеј, иако топџиите имаат играно финале.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран