УТРО.мк

Земјоделците во Македонија се соочуваат со сериозни предизвици: Националната федерација на фармери бара конкретни мерки

Земјоделците во Македонија се соочуваат со сериозни предизвици: Националната федерација на фармери бара конкретни мерки
Vero

Македонските земјоделци се на удар на низата проблеми кои ги ставаат во опасност нивната егзистенција и иднината на земјоделството во земјата. Ниските откупни цени, одливот на работна сила од руралните средини, лошата инфраструктура и ограничената достапност до здравствени и образовни услуги се само дел од сериозните предизвици со кои се соочуваат земјоделците во Македонија.

Стеванче Јорданоски, претседател на Националната федерација на фармери, изјави дека за да се прекинат ланските трендови на опаѓање на земјоделската продукција и за да се обезбеди долгорочен опстанок на овој сектор, потребни се брзи, конкретни и ефикасни мерки од страна на државата.

„Земјоделците веќе неколку години се соочуваат со пад на откупните цени, тренд кој ја става економската стабилност на земјоделците во опасност. Овој проблем станува се повеќе изразен и ја става во незавидна положба секоја фамилија која се потпира на земјоделската работа. Ако продолжиме така, земјоделството ќе се соочи со уште поголеми тешкотии“, предупредува Јорданоски.

Иако ситуацијата е алармантна, најголемата закана во моментов доаѓа од миграцијата, со проценти кои се многу загрижувачки. Според него, повеќе од 50% од младите и жените ја напуштаат руралната средина, што создава уште поголем дефитит на работна сила. „Треба да вложиме долгорочни стратегији за да ја спречиме оваа тенденција, а младите треба да се мотивираат да останат и да инвестираат во земјоделството“, додава Јорданоски.

Еден од најновите проблеми со кои се соочуваат земјоделците е драматичното зголемување на цените на ѓубривата. Ова претставува сериозен удар врз веќе ослабените фармери, кои бараат помош од државата преку активирање на кризен фонд. „Во овие услови, министерствата мора да реагираат брзо. Предлагаме да се формира фонд кој ќе помогне во набавката на ѓубривата, бидејќи земјоделците не можат да издржат без соодветна помош“, истакнува Јорданоски.

На крајот, земјоделците не ги добиле сите субвенции од минатата година, што создава дополнителен притисок, особено за оние кои се занимаваат со оризопроизводство и сточарство. За овие земјоделци, тие средства се од витално значење за започнување на подготовките за новата сезона. Министерот за земјоделство, пак, вели дека исплатата на субвенциите се врши етапно, но земјоделците не се задоволни со брзината на исплатата и бараат итни мерки за поддршка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран