УТРО.мк

Германски политичар ја обвини УЕФА за двојни стандарди по казната за Црвена Звезда

Германски политичар ја обвини УЕФА за двојни стандарди по казната за Црвена Звезда
Vero

Германскиот политичар Томаш Фроелих предизвика силни реакции во јавноста откако остро ја критикуваше УЕФА поради казната изречена за српскиот клуб ФК Црвена Ѕвезда.
Фроелих е политичар од десничарската партија Алтернатива за Германија позната по своите конзервативни и антиглобалистички ставови, особено кога станува збор за културни и идентитетски прашања во Европа.


Повод за неговата реакција е одлуката на УЕФА да го казни белградскиот клуб Црвена Ѕвезда со 40.000 евра поради навивача иконографија на една од трибините на стадионот при натпревар од УЕФА Европа лигата против францускиот ЛОСК Лил, на кој беше прикажана православна икона на Исус Христос со порака поврзана со верата и поддршката за тимот.


Во својата изјава, Фроелих ја оцени одлуката како лицемерна и како доказ за двојни стандарди, тврдејќи дека УЕФА во минатото дозволувала и промовирала други општествени и идеолошки пораки, додека религиозните симболи сега се санкционираат. Неговите зборови предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи и во медиумите, при што дел од јавноста го поддржаа неговиот став, а други го оценија како политизирање на спортот.


Од УЕФА, пак, посочија дека санкцијата не е насочена против верата како таква, туку против пораки кои се сметаат за несоодветни за спортски натпревари и кои можат да ја нарушат неутралноста на фудбалските настани. Според нив, целта е стадионите да останат простор без политички, религиозни и идеолошки пораки кои би можеле да создадат поделби.


Случајот отвори поширока дебата во Европа за тоа каде е границата меѓу слободата на изразување и правилата во спортот. Дел од јавноста смета дека ваквите одлуки го ограничуваат правото на навивачите да ја изразат својата вера и идентитет, додека други нагласуваат дека фудбалот мора да остане неутрален простор без дополнителни пораки што можат да предизвикаат тензии.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран