УТРО.мк

Од денес се плаќа паркинг во „Дајмонд мол’“

Од денес се плаќа паркинг во „Дајмонд мол’“
Vero

По повеќе од две години институционален застој, подземната гаража на „Дајмонд мол“ конечно влегува во режим на наплата. Новиот состав на Советот на Град Скопје ѝ даде зелено светло на компанијата „Лимак“ да започне со комерцијално управување со паркингот, со што од 1 јануари завршува периодот на практично бесплатно паркирање за посетителите.

Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

Според новиот ценовник, првите два часа ќе чинат по 50 денари, а секој нареден час 60 денари. „Преноќено“ паркирање ќе се наплатува 1.500 денари, иста сума е предвидена и како казна за непрописно паркирање, како и за изгубен или оштетен паркинг-билет.

Од „Дајмонд мол“ информираат дека бесплатно паркирање ќе биде можно само со приложување фискална сметка во износ над 400 денари, и тоа исклучиво од Веро маркетот, Dream zone или автопералната. Во соопштението не се појаснува дали сметки од рестораните и продавниците во трговскиот центар ќе важат за оваа поволност, што веќе отвора простор за реакции кај посетителите.

Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph

End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph

Одлуката беше донесена на последната седница на Советот, со поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и со гласови од советничката група на СДСМ. Така, по долг период на негласање и политичко калкулирање, „Лимак“ ја доби дозволата што со години ја бараше.

Компанијата и претходно се обидуваше да воведе наплата, па дури и кратко време наплаќаше без дозвола, сè додека градските инспектори не интервенираа. Иако формално постоеше правило за бесплатно паркирање во првите два часа и продолжување со сметка над 400 денари до девет часа, во пракса наплата речиси и немаше, а поставените паркомати останаа нефункционални.

Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph

End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph

Со новата одлука, овој „сив“ режим завршува. Од јануари, паркирањето во „Дајмонд мол“ станува уште една пресметлива ставка во трошоците на скопјани и на посетителите на еден од најголемите трговски центри во градот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран