Полицаец е повреден откако бил физички нападнат од скопјанец додека го регулирал сообраќајот за време на протест во Скопје, соопшти МВР.
Инцидентот се случил вчера (23.12.2025) на крстосницата на булеварот Никола Карев со улицата Македонско-косовска бригада, на подрачјето на Бит-пазар. Напаѓачот, А.С. (24) од Скопје, бил приведен од полицијата.
Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.



























