УТРО.мк

Лишен од слобода дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Лишен од слобода дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана
Vero

На 31.08.2025 околу 19 часот на ул. „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје. Откако му бил даден знак да застане, Р.Ѓ. се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, бил лишен од слобода.

При тоа, Р.Ѓ. фрлил кеса во која имало 100 кесички со марихуана, а при обидот да избега му нанел и телесна повреда на еден полициски службеник. По документирање на случајот, против Р.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран