УТРО.мк

Хаос со летот од Крит: Наместо во Белград, авион со 200 патници слета во Скопје

Хаос со летот од Крит: Наместо во Белград, авион со 200 патници слета во Скопје
Vero

Необична ситуација се случи ноќеска на скопскиот аеродром, откако авион на авиокомпанијата Wizz Air кој требало да лета од Крит за Белград, слета во македонската престолнина со околу 200 патници, пренесува N1.

Летот, закажан 15 минути по полноќ, првично бил пријавен како празен, што предизвикало забуна кај полицијата и вработените на аеродромот во Скопје. Сепак, околу 4 часот утрото, патниците биле пренасочени и изненадени пристигнале во Скопје.

Една од патничките изјавила дека во текот на ноќта добивале СМС пораки за одложување, а потоа, без објаснување, биле упатени кон Скопје. По слетувањето биле задржани во авионот подолго време, а излез им бил дозволен дури откако една жена почувствувала здравствени проблеми. На крајот, патниците останале на празен аеродром додека не им бил обезбеден автобуски превоз кон Белград.

Пилотот им појаснил дека неговото работно време е завршено и дека повеќе информации ќе добијат на аеродромот, но и таму вработените биле збунети бидејќи им било пријавено дека летот е без патници.

Од Амбасадата на Србија патниците добиле одговор дека не може ништо да се стори, бидејќи „аеродромот во Белград не работи и не прима авиони“.

Според официјалните податоци, веб-страницата на белградскиот аеродром летот го прикажува како откажан, додека на скопскиот аеродром е евидентиран како реализиран, но со повеќе од три часа задоцнување. На веб-сервисот FlightRadar, пак, се забележува дека авионот наместо во Белград, навистина слетал во Скопје, без официјално образложение за причините.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран